27.01.2026 Скопје
Новата Национална одбранбена стратегија на САД предупредува дека идните конфликти би можеле да се водат не само надвор од границите на земјата, туку и директно на територијата на Соединетите Американски Држави.
Во документот подготвен од Пентагон се наведува дека заедничките вооружени сили мора да бидат подготвени да ги одвратат противниците, но исто така, доколку е потребно, да спроведат „одлучувачки операции против цели насекаде во светот, вклучително и директно во рамките на Соединетите Американски Држави“.
Како што се истакнува, во последните години има зголемување на директните воени закани, вклучувајќи ги нуклеарните ризици, но и разните форми на конвенционални напади, како и можноста за спроведување вселенска, сајбер и електромагнетна војна. Авторите на стратегијата оценуваат дека глобалната безбедносна средина денес е „подинамична, поопасна и помалку попустлива“ отколку во претходните децении.
Новата Национална одбранбена стратегија на Министерството за одбрана на САД беше објавена на 24 јануари и вклучува проценки поврзани со украинската криза. Во документот се наведува дека значаен дел од одговорноста за постигнување мир во Украина лежи кај Европа, со оценка дека сојузниците мора да преземат поголема улога во зачувувањето на регионалната и глобалната безбедност.
Подготвено од М.Д.