322727771_553930023315105_7340748572965210376_n

15.01.2026 Скопје

Европското првенство во ракомет за мажи претставува најелитното континентално натпреварување на националните селекции во Европа. Турнирот се одржува на секои две години во организација на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и обединува најквалитетни екипи на Стариот континент.

Првото издание се одигра во 1994 година во Португалија со 12 репрезентации. Со текот на годините, првенството значително се развиваше – најпрво се прошири на 16, а од 2020 година на 24 селекции, што ја зголеми конкуренцијата и глобалниот интерес.

Иако мала земја, РС Македонија успеа да се етаблира како редовен учесник на европските првенства. Дебитантскиот настап беше во 1998 година, а вистинскиот пробив се случи во 2012 година на првенството во Србија, кога репрезентацијата го освои историското 5. место – најдобар пласман досега.

Следуваа 10. место на ЕП 2014 во Данска и поскромен настап во 2016 година во Полска. Во последните изданија, РС Македонија редовно ја минува групната фаза, што потврдува континуитет и стабилност на највисоко европско ниво.

На Европското првенство 2026, македонската репрезентација ќе настапи во групата Б во Хернинг, Данска, каде ќе се соочи со силните селекции на Данска, Португалија и Романија.

Подготвено од М.Д.

About Author