09.01.2026 Скопје
Македонците се вистински љубители на кафето – само во првите десет месеци од 2025 година во земјава биле увезени над 566 тони кафе, вредни околу 40 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првите десет месеци минатата година во земјава се увезени 566,6 тони кафе со вкупна вредност од 2.463.677.171 денари или 39.993.684 евра.
Според податоците од Државниот завод за статистика(ДЗС) најмногу кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос, се увезувало од Бразил (46 отсто), Италија (18,7 отсто) и Косово (8,8 отсто).
Од Бразил во првите десет месеци годинава биле увезени 261,5 тони кафе, со просечна цена од по 330 ден/кг, потоа следи Италија – 1,05 тони кафе со просечна цена од 764 ден/кг и Косово – 50 тони кафе, со просечна цена од 287 ден/кг.
Потоа следува Уганда – 31,5 тони, Виетнам – 28,7 тони, Индија – 22,6 тони, Хрватска – 13,1 тон и Кенија – 9,8 тони кафе.
Во 2024 година во земјава се увезени вкупно 7.223.154 килограми кафе – печено или непечено или без кофеин; лушпи и ципи од кафе и замени за кафе што содржат кафе во кој и да било сооднос.
Подготвено од М.Д.