TRAMP 5

27.01.2026 Скопје

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју изјави дека Иран е заинтересиран за дипломатско решение на тензиите откако носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ пристигна на Блиски Исток.

Ситуацијата со Иран е променлива, бидејќи САД испратија голема флота во регионот. Имаме голема армада покрај Иран. Поголема од Венецуела. Тие сакаат да постигнат договор. Знам дека е така. Тие се јавија повеќе пати. Тие сакаат да разговараат, наведе Трамп.

Централната команда на американската војска (CENTCOM) вчера соопшти дека флота воени бродови, вклучувајќи го и „УСС Абрахам Линколн“, пристигнала во нејзината зона на одговорност, која го опфаќа Блиски Исток и го вклучува Иран. Носачот на авиони е во Индиски Океан.

Борбената група на носачи на авиони моментално е распоредена на Блиски Исток за да се промовира регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Трамп не донел конечна одлука за потенцијална воена ескалација во регионот.

За време на протестите во Иран, Трамп ги поддржа демонстрантите и им се закани на властите дека ако продолжат со репресијата САД воено ќе интервенираат.

Подготвено од М.Д.

About Author