thumbs_b_c_48259f011174601c24b813ade1273e89

08.01.2026 Скопје

Годишната инфлација во Еврозоната за декември, според прелиминарните податоци, се намали од ноемвриските 2,1 на 2 проценти, соопшти денеска Евростат.

Цените на услугите се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво, (од 3,5 проценти во ноември), а цените на енергијата се намалија со значително побрзо темпо, за 1,9 проценти на годишно ниво наспроти ноемврискиот пад од 0,5 проценти.

Кога станува збор за храна, алкохол и тутун, цените се зголемија за 2,6 проценти на годишно ниво, а цените на индустриските производи за 0,4 проценти.

Подготвено од М.Д.

About Author