56_main-v1767872787

09.01.2026 Скопје

Aмериканската надворешна политика под лидерство на претседателот Доналд Трамп придонесува за колапс на меѓународниот поредок и се заканува да го претвори светот во „дувло на крадци“ каде што најсилните земаат што сакаат, предупреди германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Во забелешки дадени на симпозиум во Берлин, Штајнмаер рече дека глобалната демократија е нападната „како никогаш досега“, алудирајќи, меѓу другото, на неодамнешните потези на САД, вклучително и акциите против Венецуела.

Штајнмаер ја опиша руската анексија на Крим и „целосната инвазија на Украина како историска пресвртница“.

Сведоци сме на распаѓање на вредностите од страна на нашиот најважен партнер, САД, кои помогнаа во изградбата на сегашниот светски поредок – рече Штајнмаер.

Тој предупреди дека мора да се спречи сценарио во кое регионите или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили и повика на поактивна улога на меѓународната заедница.

Според него, земји како Бразил и Индија мора да бидат убедени да се вклучат во заштитата на глобалниот поредок.

Подготвено од М.Д.

About Author