12.01.2026 Скопје
Европската унија (ЕУ) и Меркосур ќе го потпишат долгоочекуваниот трговски договор оваа недела.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, ќе отпатува во Парагвај на 17 јануари за церемонијата на потпишување.
Портпаролот на Комисијата, Томас Рејниер, ги потврди плановите.
Таа ќе биде придружувана од претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, потврди неговиот кабинет.
Патувањето доаѓа откако мнозинството земји-членки на ЕУ гласаа во петокот за потпишување на договорот.
Договорот меѓу ЕУ и Меркосур треба да создаде најголема зона за слободна трговија во светот, која ќе опфаќа околу 700 милиони луѓе.
Покрај Парагвај, блокот Меркосур ги вклучува и Аргентина, Бразил и Уругвај.
Од перспектива на Брисел, договорот е голема геополитичка победа во светлината на растечкиот удел и влијание на Кина во трговијата во Латинска Америка и високите царини што ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, беше усвоен со протести од земјоделците во европските земји.
Подготвено од М.Д.