23.12.2025 Скопје
Македонската Влада за време на Самитот ЕУ – Западен Балкан, на затворени средби, побарала промена на заклучоците за преговарачката рамка за РС Македонија.
Шефот на дипломатијата Муцунски за време на прес конференција со неговата колешка од Албанија Елиса Спиропали, порача дека не може да споделува повеќе информации но и дека за одговорот од Брисел треба време.
Министерката Спиропали пак на прашање дали се има барањата на албански пасоши од македонски државјани не одговори конкретно…
Подготвено од М.Д.