13.12.2025 Скопје
Вирусот на грип A/H3N2, познат и како „супергрип“, кој веќе неколку месеци циркулира во европските земји и неколку источноазиски земји, е откриен во Романија, објави Романскиот национален институт за јавно здравје (INSP).
„Ризикот од развој на тешка болест е висок кај лица над 65 години, лица со метаболички, белодробни, кардиоваскуларни, невромускулни и други постоечки хронични заболувања, бремени жени, имунокомпромитирани лица и оние кои живеат во установи за долготрајна нега. Се очекува вакцината да продолжи да обезбедува заштита од тешка болест“, објасни INSP во соопштение за медиумите.
Респираторните вируси, особено грипот, SARS-CoV-2 и RSV, вршат огромен притисок врз здравствените системи низ цела Европа во текот на зимата.
Во типична сезона, грипот предизвикува до 50 милиони симптоматски случаи и 15.000 до 70.000 смртни случаи годишно на европскиот континент, објави Индепендент.
Сите возрасни групи се засегнати, иако децата имаат највисока стапка на инфекција и честопати се првите што ја заболуваат болеста и ја шират во своите домови, објавува Танјуг.
Се проценува дека до 20 проценти од населението заболува од грип секоја година. Лекарите во Европа, Азија и Америка ги повикаа граѓаните да се вакцинираат и на тој начин да се заштитат од вирусот на грип, а вакцинацијата е исклучително важна за ранливите категории на населението бидејќи ги штити од потешки форми на болеста.
Подготвено од М.Д.