vestacka inteligencija

05.12.2025 Скопје

Домашниот проект „Везилка“, Национален центар за вештачка интелигенција, продолжува да добива поддршка како „капитален“ за дигиталната трансформација на земјата.

Според изворите и оценките на официјални лица, Република Северна Македонија има квалитетен кадар и ресурси да го спроведе овој проект, за да се намали техниколошката зависност од странство.

Со „Везилка“, мали компании, институции и академски заедници би можеле да користат ВИ-технологии, што нуди перспективи за модернизација, нови работни места и иновации.

Како дел од глобалниот тренд на дигитализација, владите низ Европа и светот инвестираат во вештачка интелигенција. За Република Северна Македонија, ваков проект може да значи скок во технолошки капацитети, намалена зависност и потенцијал за развој, но успехот ќе зависи од континуитет, инвестирање и добро планирање, оценува Блумберг Адриа.

Носител на проектот е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

“ВЕЗИЛКА : Национална ВИ Фабрика Антена на Република Северна Македонија”, е избран за финансирање во рамките на иницијативата EuroHPC  и програмата Horizon Europe. Институционални поддржувачи на проектот се Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и Владата на РСМ.  Вкупна вредност на проектот е околу 6 милиони евра ќе биде финансиран од ЕУ а кофинансиран од МДТ, Владата на РСМ и ФИНКИ.

Подготвено од М.Д.

About Author