16.12.2025 Скопје
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вечерва изјави дека Украина веќе ја изгубила територија!
Трамп се осврна на тековните мировни преговори со Украина, одговарајќи на прашањето за тоа каков мотив би имал Киев да се откаже од територијата без да добие безбедносна гаранција од НАТО.
Тој ја отфрли таа претпоставка, наведувајќи дека Украина веќе изгубила спорна територија и дека фокусот треба да биде на спречување на идна ескалација, а не на дебата за она што веќе е изгубено.
Тој исто така рече дека САД работат со европските партнери на безбедносна рамка за да се осигури дека конфликтот нема повторно да ескалира.
„Па, Украина веќе изгуби територија… Да бидам искрен, тие веќе ја изгубија. Кога станува збор за безбедносни гаранции, ние ќе работиме со Европа на тоа. Европа би била голем дел од тоа. Работиме на безбедносна гаранција, за да не започне војната повторно“, рече Трамп.
Трамп, исто така, рече дека „мирното решение за Украина никогаш не е поблиску“.
Подготвено од М.Д.