https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3108994326017589&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

15.12.2025 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да се откаже од долгогодишната стратешка цел – членство во НАТО, во замена за силни западни безбедносни гаранции. Ова претставува компромис со цел да се стави крај на војната со Русија.

Украина е подготвена да се откаже од своето барање за членство во НАТО доколку САД и Европската Унија понудат доволно силни безбедносни гаранции во рамките на тековните преговори за завршување на војната во Украина. Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД, т.е. гаранции слични на Член 5 од НАТО, како и безбедносни гаранции за нас од нашите европски партнери и други земји како што се Канада, Јапонија и други – рече Зеленски.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, во Берлин пристигнаа порано како дел од американската делегација за преговори за украинскиот мировен процес.

Извори од германската влада изјавија дека разговорите со претставниците на Украина во Берлин ќе траат два дена, а дека прелиминарни разговори ќе се одржат денес со советници за надворешна политика, вклучувајќи претставници на САД и Украина.

Средбата меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски е закажана за денес.

Подготвено од М.Д.

About Author