cunami-1024x785

10.12.2025 Скопје

Земјотресот со јачина од 7,5 степени во Јапонија ги разбуди мрачните сеќавања од 2011 година. Тогаш, цунамито предизвика експлозии и топење во нуклеарната централа Фукушима — најголемата нуклеарна несреќа по Чернобил.

Јапонија во понеделникот, 8 декември, ја претрпе најсилната ноќна сеизмичка пресметка по повеќе години. Овојпат, сценариото беше поинакво. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за бранови до 3 метри, но измерените цунами бранови биле далеку послаби, од 20 до 70 сантиметри во неколку пристаништа.

Властите соопштија дека нема поголеми оштетувања и дека сите нуклеарни централи работат нормално.

Во моментов имаме потврда за триесетина повредени и еден пожар – изјави премиерката Санае Такаичи, додавајќи дека повеќе од 90 илјади луѓе биле евакуирани, но дека најголем дел од нив се враќаат дома.

Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време, со епицентар на 80 километри од брегот на префектурата Аомори и длабочина од 54 километри. Во градот Хачинохе тресењето достигнало „горна шестка“ според јапонската скала, доволно силно за луѓето да не можат да стојат, туку да лазат кон излезите.

Подготвено од М.Д.

About Author