04.12.2025 Скопје
НАФТА нема, работата запира. Прекинот на работата на производните постројки во Рафинеријата на нафта Панчево, која започна во вторник, може да трае неколку дена, потврдуваат соговорници. Ова се случува на 57-миот ден од американските санкции кон Нафтната индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост.
По целосното запирање, доколку пристигне лиценца од американскиот OFAC за продолжување со работа, ќе бидат потребни најмалку две недели за повторно стартување на производството.
НИС соопшти дека рафинеријата ја запира работата поради недостиг на сурова нафта, последица на санкциите воведени од американското Министерство за финансии на 9 октомври. Од 25 ноември рафинеријата беше во фаза на „топла циркулација“, што овозможуваше побрзо обновување на производството веднаш штом би пристигнала сурова нафта.
Премкинот се изведува по истиот принцип како и за време на планирани ремонти — во согласност со законите на Србија, интерните правила на компанијата, еколошките стандарди и највисоките протоколи за безбедност и здравје при работа.
НИС наведува дека снабдувањето на домашниот пазар со нафтени деривати продолжува се до трошење на последните резерви а тоа е некаде за еден месец
Ако рафинеријата се исклучи целосно и мирува подолго од три месеци, потребни се четири или повеќе месеци за нејзино повторно пуштање во работа.
Марковиќ предупредува и дека запирањето на рафинеријата може да доведе до блокада на сметките на целата компанија:
„Во таков случај, НИС станува неоперативен и следи стечај,“ вели тој.
Подготвено од М.Д.