large (3)

05.12.2025 Скопје

Секој трети граѓанин во РС Македонија дал одреден вид мито за да му се заврши некоја работа. Ова го покажуваат податоците на најновниот извештај за проценка на корупцијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, чиј мал дел изнесе денеска директорот на МЦМС, Александар Кржаловски на настанот посветен на Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 декември и најави дека деновиве ќе биде објавено истражувањето во целина.

Кржаловски во своето обраќање пред присутните на настанот истакна дека она што го измериле во најновниот извештај е дека за разлика од изминатите години кога корупцијата е перцепирана како топ проблем во општеството, сега таа е на второ место.

Коруцијата е тежок проблем, кој е широко распространет и за жал доста прифатен, рече Кржаловски.

Забележано е влошување на коруптивниот притисок за разлока од претходниот извештај, кога се бележи, пад. Според податоците во последниот извештај, како што посочи Кржаловски, на 37 проценти од граѓаните им било побарано мито, а 31 отсто од нив дале одреден вид мито за да им се заврши некоја работа.

Коруцијата е тежок проблем, кој е широко распространет и за жал доста прифатен, рече Кржаловски.

Судиите и јавните обвинители како личности се на дното на листата на доверба, а на дното е и судско-обвинителката фела, како институција, додека тука довербата во пратениците и политичарите не е мошне висока, но довербата во Парламентот како институција е на високо ниво.

Во однос на довербата во институциите, кои се борат против корупцијата, Кржаловски рече дека ДКСК останала на истото ниво од 32 отсто, додека зголемена е довербата во Министерството за внатрешни работи на 50 отсто.

Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија ја посочи континуираната поддршка што ЕУ и ја дава на земјава во борбата против корупцијата и владеењето на правото, но посочи дека и покрај европската поддршка оние кои се клучни во процесот се политичките лидери.

Подготвено од М.Д.

About Author