10.12.2025 Скопје
Од своја страна, европските челници ги обвинуваат САД дека директно се мешаат во внатрешните работи на ЕУ најавувајќи отворена поддршка на суверенистичките сили во рамките на Европа, кои стануваат сѐ повеќебројни, мотивирани исклучиво од лошите политики на актуелното европско водство, кое за да ја зачува сопствената позиција влегува во отворен конфликт и со САД.
Првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, рече дека поддршката на САД за европските националистички партии е неприфатлива.
Тој потсети дека не се согласува со Трамп по голем број теми, вклучително и климатската политика, но дека новата стратегија оди подалеку од дипломатското несогласување.
Ова е закана од мешање во европската политика. Сојузниците не се закануваат дека ќе влијаат врз внатрешните политички одлуки на своите партнери. САД не можат да ја заменат Европа во нејзината визија за слобода. Европа мора да биде суверена – нагласи Коста.
Подготвено од М.Д.