19.12.2025 Скопје
Соединетите Американски Држави се подготвуваат за можна посета на рускиот претседател на самитот на Г20 во Мајами во декември 2026 година, објави Светлана Лукаш, претставник на Русија во меѓународната организација.
„Претседателството (Америка) на самитот се подготвува за учеството на Владимир Владимирович Путин на самитот во Мајами следниот декември“, рече Лукаш.
Првиот состанок на претставниците на Г20 во рамките на нововоспоставеното претседателство на САД се одржа во Вашингтон на 15 и 16 декември.
Подготвено од М.Д.