710e15370b52c5fe7beb10abc4d12e39

03.12.2025 Скопје

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не сака војна со европските земји, но дека, доколку Европа посака конфликт, Русија е веднаш подготвена за борба.

Путин оцени дека европските партнери поставуваат услови за можен мировен договор за Украина што Москва ги смета за „апсолутно неприфатливи“.

Немаме намера да водиме војна со Европа, но ако Европа тоа го сака и започне, ние уште овој момент сме подготвени, изјави рускиот претседател пред новинарите, во пресрет на средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва.

Рускиот лидер ги обвини земјите од Европската Унија дека се обидуваат да ги поткопаат американските напори за ставање крај на војната во Украина.

Тие немаат мировен план, тие се на страната на војната, оцени Путин.

Подготвено од М.Д.

About Author