heteroagresividad-1-768x480

23.12.2025 Скопје

Најновите податоци на Евростат за 2023 година, ја позиционираат Република Северна Македонија на високото трето место во Европа според стапката на фемицид. Со регистрирани шест убиени жени на еден милион жители, земјата се наоѓа веднаш зад Латвија, каде стапката изнесува 17 жртви на милион жители, и Литванија со 10 жртви на милион.

Овие бројки значително го надминуваат просекот на Европската Унија, кој изнесува 4,1 убиена жена на еден милион жители. Анализата укажува дека проблемот со родово базираното насилство останува сериозен безбедносен и општествен предизвик, особено во земјите од Источна и Југоисточна Европа.

Статистиката дополнително покажува дека во рамки на Европа, жените се изложени на двојно поголем ризик да бидат убиени од близок член на семејството или од интимен партнер, во споредба со мажите, што ја нагласува поврзаноста меѓу фемицидот и семејното насилство.

За разлика од Република Северна Македонија и балтичките земји, најниски стапки на вакви убиства се евидентирани во Грција со 1,8 жртви на милион жители, Шпанија со 2, како и Холандија со 2,3 убиени жени на еден милион жители. Податоците ја отвораат потребата од поефикасни политики за превенција, заштита на жртвите и системска борба против родово базираното насилство.

Подготвено од М.Д.

About Author