MAKEDONIJA BUGARIJA

25.12.2025 Скопје

Ден по прогласената кризна состојба поради недостиг на мазут, РС Македонија и Бугарија размениле разговори за можност за помош. Бугарија понуди да испрати мазут, но македонската Влада ја одби понудата, истовремено нудејќи помош доколку Бугарија има потреба.

Утрово беше остварен телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна.

Воедно, министерот Муцунски истакна дека доколку Република Бугарија има потреба од ваква или слична помош, Република Северна Македонија целосно стои на располагање. Македонската Влада појасни дека државата располага со сопствени резерви и капацитети за производство на електрична енергија и дека моменталната ситуација е стабилна.

Подготвено од М.Д.

About Author