hx9rhdj7uacm1k7lz7sk

15.12.2025 Скопје

Македонска делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со тимот од Секторот за нафта и гас во Министерството и раководните лица од Номагас, МЕМО и МЕПСО, престојуваше во Белград по покана на српската министерка за рударство и енергетика.

Дел од делегацијата беа и директорот на Номагас, Недим Рама, заменик директорот на МЕПСО, Александар Пауновски, директорот на МЕМО, Зоран Ѓеорѓиевски и раководителот на Секторот за нафта и гас при МЕРМС, Горан Николовски.

Главниот фокус на посетата беше забрзаната реализација на гасниот интерконектор меѓу Република Северна Македонија и Србија – проект од стратешко значење за регионалната поврзаност и долгорочната енергетска безбедност.

Подготвено од М.Д.

About Author