22.12.2025 Скопје
Во пресрет на празниците традиционално денес се постави новогодишна елка под вода кај ,,Заливот на коските” – музеј на вода.
Елката беше поставена благодарение на нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора“, во соработка со здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид.
Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна – порачаа од Нуркачкиот центар „Амфора“.
Подготвено од М.Д.