Portugal-Global-Expansion

13.12.2025 Скопје

Британски неделник ја прогласи Португалија за најнапредна економија во светот, ставајќи ја на врвот на својата престижна листа од 36 најбогати земји. Португалскиот премиер Луис Монтенегро ја нарече оваа награда „фер признание за заслугите и напорната работа на португалскиот народ“. Официјалните проекции покажуваат дека португалската економија ќе продолжи да расте.

Португалија e на врвот на листата од 36 држави благодарение на комбинацијата од стабилна инфлација, солиден раст на БДП, добра вработеност и исклучителни пазарни перформанси.

Веднаш зад Португалија се Ирска и Израел, а минатогодишниот лидер Шпанија падна на четвртото место, кое сега го дели со Колумбија. Чешка и Грција се исто така високо рангирани, што го потврдува силниот економски моментум на јужна Европа.

Некои земји од Централна и Источна Европа како Словачка, Финска и Естонија беа на дното на листата.

Подготвено од М.Д.

About Author