Slobodan Trendafilov SSM

27.12.2025 Скопје

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов очекува Владата и работодавачите да ја преземат одговорноста и да постигнат договор за зголемување на минималната плата до Нова Година. Доколку тоа не се случи, вели Трендафилов, ќе биде јасно дека институциите не го слушаат гласот на работниците.

Инфлацијата не ја создаваат ниските работнички плати. Таа е резултат на јавните трошења, владините политики, несправувањето со сивата економија, растот на функционерските плати и начинот на кој се поддржува бизнисот. Секое одоговлекување значи свесно оставање на работниците во сиромаштија. Работниците веќе јасно се изјаснија – 99,5% од испитаниците во анкетата на ССМ се подготвени уште од јануари да поддржат протести и штрајкови. ССМ ќе постапи согласно таа волја, категоричен е Трендафилов.

Еден функционер со својата плата може да си дозволи 2 до 2,5 синдикални минимални кошници.
Претседателот на ССМ вели дека македонските работници според последните официјални податоци се најсиромашни во регионот и во Европа, со најниска минимална и најниска просечна плата, а од друга страна, и покрај тоа, тие се продуктивни и на газдите им создаваат нето добивка по вработен помеѓу 5 и 10 илјади евра на годишно ниво.

Ако не е доволна причина тоа што 33,1% од вкупниот број на работници имаат плата под 30.000 денари со која не можат да врзат крај со крај во месецот, ако не е доволна причина тоа што на едно семејство денеска му се потребни 2,6 минимални плати за да ги покрие само најосновните потреби и да ги купи основните прехранбени производи за преживување, тогаш што друго да биде причина. Но, можеби една од причините е тоа што еден функционер со својата плата може да си дозволи 2 до 2,5 Синдикални минимални кошници, тогаш зголемувањето на минималната плата не е луксуз – туку нужност, вели Трендафилов.

Работниците веќе јасно се изјаснија – 99,5% од испитаниците во анкетата на ССМ се подготвени уште од јануари да поддржат протести и штрајкови.

ССМ ќе постапи согласно таа волја.

Подготвено од М.Д.

About Author