ykqehqaffbt8tmevvi1c

23.12.2025 Скопје

Унифициран колективен договор според кој почетната нето плата на докторите од другите градови и од Скопје ќе биде иста – ова го бара Независниот синдикат на здравствени работници кој оствари и средба со министерот Азир Алиу.

Од синдикатот велат дека  едно од главните прашања во здарвствениот сектор се колетивните договори со што би се спречила и миграцијата на лекари од внатрешноста во главниот град.

Боби Бојчевски – Претседател на Независен синдикат на здравствени работници

„Нашето барање како синдикат е да има унифициран колективен договор, според кој гинеколог од Струмица ќе зема иста почетна нето плата со гинеколог од другите градови и од Скопје, бидејќи нето платата на еден гинеколог е различна во Струмица и во Скопје“….

Синдикатот очекува и покачување на платите….Алармира дека состојбата со медицински кадар во одредени градови е веќе нефункционална за болниците.

Д-р Кендреса Мифтари – Здравствен дом Липково

„Проблемот е сериозен, кај нас само тројца лекари работат во брза помош и стигнавме до една точка во која целиот тим е уморен и исцрпен и се надевам дека наскоро ќе се реши овој сериозен проблем не само за нас како здравствени работници туку и за сите граѓани на општина Липково“…

Од министерството за здравство по средбата соопштија дека во тек се процеси за унпаредување на состојбите со медицинска опрема, кадарот во Итната Медицинска Помош и унапредување на системот „Мој термин“.

Од синдикатот повторно побараа и да се забзра решавањето на работниците кои се уште работат со договори на дело и очечуваат како што порачаа дека здравството ќе се мрдне од точката во која се наоѓа.

Подготвено од М.Д.

About Author