Marta Kos

27.12.2025 Скопје

ЕУ ќе мора да ја искористи 2026 година за брзо да се движи кон амбициозна интеграција на Западен Балкан и Источна Европа, или сегашната Комисија нема да има време пред крајот на својот мандат, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

Кос пред празниците за годината што завршува ги кажа и нејзините очекувања за следната година.

„Ќе биде подобра (2026) од 2025 година“, рече Кос, инсистирајќи дека „дури и 2025 година беше многу успешна“.

Таа, исто така, рече дека следните 12 месеци ќе бараат акција за да се обезбеди прием на нови членки на време.

„Зошто мислам така? Прво, тоа е геополитика. Второ, тоа е вистинскиот ангажман на некои земји-кандидатки“, изјави Кос.

Европската комесарка, исто така, рече дека не станува збор само за кандидатите, туку и за ЕУ ​​- дали може да се справи со предизвиците.

„Дали е добро за нашата безбедност… дали ги пополнуваме празнините што ги оставивме во минатото? Да! Дали ни треба Украина во ЕУ? Да!“, нагласи Марта Кос.

Како што рече словенечката еврокомесарка, до крајот на следната година ЕУ „сè уште нема да биде поголема“, но „ќе завршиме поблиску“ до целта за проширување.

„Веројатно ќе ги завршиме сите преговори со Црна Гора дотогаш“, рече Кос.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека напредокот на Црна Гора кон пристапувањето во ЕУ мора да се постигне во следната година, ако тоа треба да се постигне во рамките на мандатот на оваа Европска комисија.

Подготвено од М.Д.

About Author