25.12.2025 Скопје
Замислете дека робот ве насочува во сообраќајот . Кина отиде чекор понатаму во иновациите. Создаден е систем со вештачка интелигенција кој работи работа што досега беше резервирана исклучиво за луѓе. По неколкумесечно тестирање на улиците на Кина, роботот контролор на сообраќајот навистина стои на улицата и ја извршува својата должност.
„Hangxing 1“ е името на роботот што претставува прва единица во проект што би можел да се прошири на цела флота роботизирани сообраќајни полицајци. Роботот е опремен со сензори и системи за следење на однесувањето на возачите и пешаците.
„Овој робот не прави грешки. Мислам дека неговата способност за препознавање засега е на високо ниво. Може ефикасно да забележи и евидентира сообраќајни прекршоци од страна на возачите и пешаците, дури и оние што сообраќајната полиција може да ги пропушти. Никогаш не му е студено или заморено. Моментално поминува низ некаков вид обука и е пуштен во реалниот свет. Во блиска иднина ќе му бидат додадени нови функции, во зависност од тоа како ќе се покаже и кои се неговите слабости“, вели Жанг Ванже, службеник во сообраќајната полиција.
„Хангсинг 1“ е развиен во кинеската покраина Хангжу како резултат на соработка помеѓу локалната сообраќајна полиција и неколку технолошки компании. Тестирањето траело со месеци, а роботот бил проверуван на повеќе локации пред официјално да стапи на должност на почетокот на декември.
Подготвено од М.Д.