xwbitxri8r9oh2d0vbgf

29.12.2025 Скопје

На комеморацијата одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов.

Легендата на Вардар одигра преку 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и има постигнато 93 голови. Вардарци во хотелот „Хилтон“ ја одржаа комеморативната седница на која се испратија пораки.

Клубот воедно донесе одлука да го повлече дресот со бројот 11, кој повеќе нема да го носи никој во Вардар во чест на Рингов.

Подготвено од М.Д.

About Author