large_47fd9793bfd4ea1e773ed2a5dbc22495

05.12.2025 Скопје

Белешките од конференцискиот повик помеѓу германскиот канцелар, претседателот на Франција и на Украина и други европски лидери за мировните преговори помеѓу Русија и Украина, во кои увид имал германски весник, укажуваат дека Европејците не им веруваат на САД.

Според белешките претседателот на Франција, Емануел Макрон предупредил дека САД би можеле да ја предадат и Украина и Европа.

Постои можност САД да ја предадат Украина на територијата без јасни безбедносните гаранции, навел Макрон додавајќи оти украинскиот претседател Володимир Зеленски е во „голема опасност“.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го предупредил Зеленски следните денови да биде „многу внимателен“.

„Тие си играат со вас и со нас“, изјавил Мерц, веројатно мислејќи на двајцата американски преговарачи – магнатот за недвижности Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Иако европските лидери јавно постојано ја фалат новата мировна иницијатива на Вашингтон, документот открива дека, покрај Мерц и Макрон и другите европски учесници во повикот не им веруваат на американските преговарачи.

Подготвено од М.Д.

About Author