Ursula_fon_der_Lajen_i_Tramp_u_Skotskoj

02.12.2025 Скопје

Медиум објави дека европска разузнавачка служба дистрибуирала внатрешни проценки за „комерцијалните и економските планови“ што тимот на Доналд Трамп ги истражувал со Русија зад затворени врати. Ова наводно ги поттикнало стравувањата кај европските политичари дека Белата куќа се подготвува да ја жртвува безбедноста на континентот во замена за сопствена економска добивка.

Извори изјавија дека европските лидери размислуваат за усвојување екстремни контрамерки како одмазда, дизајнирани да предизвикаат економски хаос во САД. Наводниот план вклучува наплаќање на трилиони долари од американскиот државен долг во сопственост на европските држави. Брзата продажба веројатно би предизвикала пад на вредноста на американскиот долар, би создала криза на ликвидност низ банкарскиот систем во САД и би предизвикала огромен скок на трошоците за позајмување. Исто така, би го оставила американскиот финансиски сектор во парализа потешка од кризата во 2008 година.

Водечки европски економист изјави дека планот го опишал како потенцијален финансиски удар што би можел да ги погоди САД посилно од кој било надворешен шок во модерната историја. Политичките последиците  би биле загарантирана катастрофа за Трамп и републиканците како што се приближуваат среднорочните избори следната година, докажувајќи дека тој избрал сомнителен договор со Русија, чија економија, патем, е помала од италијанската, наместо стабилноста на целиот слободен свет.

ЕУ и Велика Британија се меѓу најголемите иматели на хартии од вредност на американските државни обврзници (долг на САД), што им дава значителна потенцијалба економска тежина.Доколку Трамп одлучи да ја легитимира руската агресија, Европа е подготвена да одговори со економска сила, доволно моќна за да го потресе американскиот финансиски систем во неговите темели.

Европа е убедена  дека Трамп смислува некаков таен договор со диктаторот Путин, кој во основа ја продава безбедноста на Европа на Русија. Овој пат не се зафркаваат. Го нарекуваат стратешка вонредна состојба .Пораката е едноставна: Европа повеќе не им верува на САД и тие се подготвени да ги погодат со финансиско оружје ако Трамп ја премине границата.

Подготвено од М.Д.

About Author