MARK RUTE 2

22.12.2025 Скопје

Неколку европски земји се подготвени да испратат свои војници во Украина за да помогнат во одржувањето на мирот и да реагираат во случај Русија да го прекрши евентуалниот мировен договор, изјави генерален секретар на НАТО, Марк Руте.

Одговарајќи на новинарски прашања, Руте истакна дека деталите за распоредувањето на силите не се дискутираат јавно, но потврди дека повеќе земји веќе изразиле подготвеност за испраќање свои единици.Генералниот секретар на НАТО појасни дека Алијансата моментално работи на структуирање на така наречената Коалиција на доброволци, што вклучува дефинирање на природата на распоредувањето на копнени, поморски и воздушни сили. Сите овие елементи се координираат во моментов, додаде тој.

Пред пет дена, лидерите на земјите учеснички во Коалицијата на доброволци официјално изразија подготвеност за распоредување сили за поддршка на Украина како дел од безбедносните гаранции по завршувањето на војната.Според говорникот на британскиот премиер Кир Стармер, Обединетото Кралство ја потврдило својата подготвеност за распоредување сили во Украина по завршувањето на непријателствата. Стармер додаде дека планот за поствоено распоредување мировни сили во Украина веќе е подготвен.И вчера, португалскиот премиер Луис Монтенегро изјави дека Португалија не исклучува распоредување на трупи во Украина како дел од мировен контингент, но нагласи дека таков потег би бил можен само по завршувањето на војната.

Подготвено од М.Д.

About Author