04.12.2025 Скопје
Прехранбените производи во ЕУ изменети со современи методи на генетска техника во иднина ќе можат да се продаваат во супермаркетите без посебно означување.
Соодветните растителни сорти во многу случаи ќе бидат изземени од досегашните строги правила за генетска техника, соопштија преговарачите од земјите членки на Европскиот Парламент (ЕП).
Новите прописи сè уште треба да бидат потврдени од ЕП и ЕУ-членките. Обично тоа е само формалност.
Две категории за растенија
Во иднина ќе бидат воведени две категории. Во првата категорија ќе спаѓаат растенија со ограничени генетски интервенции, на пример преку молекуларно биолошкиот метод.
Овие прехранбени производи повеќе нема да добиваат ознака во супермаркетите. Означено ќе мора да биде само семето.
За растенија со поголеми генетски промени и понатаму ќе важат построги прописи.
Поддржувачите аргументираат со конкурентност
При развојот на нови сорти генетската техника би можела да се применува значително почесто.
Поддржувачите очекуваат нови растенија кои подобро ќе се приспособуваат на климатските промени, ќе бараат помалку вода или ќе бидат поотпорни на болести. Тие аргументираат дека интервенциите само го забрзуваат традиционалното одгледување.
Подготвено од М.Д.