rusija-ukrajina-teritorije-mapa-septembar-01-670x447

25.11.2025 Скопје

Преговорите за прекин на војната во Украина продолжуваат. Американските преговарачи ќе одржат разговори со Русиј и Украинци во Абу Даби, додека украинскиот главен град Киев синоќа беше под силен руски напад.

Тоа е вообичаена слика на военоте профитери , секогаш кога мирот ер на повидок, тие дејствуваат с епоразорно зада предизвикаат нови провокции. Така е  и со последните анстани.

– Украинскиот главен град Киев беше цел на нови руски воздушни напади во текот на ноќта, при што загинаа најмалку шест лица.

– Украина изврши напади врз цели во Русија, тројца убиени

Најновиот бран воздушни напади дојде по денови интензивни преговори за мировен план на САД за завршување на војната, кој првично предизвика критики од Киев и европските лидери.

Сепак Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека планот сега содржи „многу добри елементи“ по последните преговори.

Следната рунда разговори се очекува во наредните денови, а американските преговарачи треба да се сретнат со руските и украинските претставници во Абу Даби денес.

Контроверзниот план од 28 точки наводно бил изготвен од санкциониран руски функционер и американски претставник надвор од официјалните канали. Откако беше објавен, европските земји изнесоа повеќе контрапредлози.

Русија не ја добила адаптираната американска верзија на планот за Украина, соопшти Кремљ, но разбира дека се прават промени. Исто така, рече дека Европа ќе мора да биде вклучена во одреден момент бидејќи без неа би било невозможно да се зборува за безбедност.

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп се движи во вистинската насока, но постојат аспекти што треба да се подобрат за да биде прифатлив за Украина и Европа, изјави утрово францускиот претседател Емануел Макрон.

„Тоа е иницијатива што оди во вистинската насока: мир. Сепак, постојат аспекти од тој план што заслужуваат да се дискутираат, да се преговара, да се подобрат“, рече Макрон. „Сакаме мир, но не сакаме мир што би бил капитулација.“

„Предлогот ни кажува што би било прифатливо за Русите, но ниту ние ниту Украинците не мора да го прифатиме.“

Тој додаде дека само Украинците можат да одлучат какви територијални отстапки се подготвени да направат. „Она што е ставено на маса ни дава идеја што би било прифатливо за Русите. Дали тоа значи дека Украинците и Европејците мора да го прифатат тоа? Одговорот е не“, додаде Макрон.

Макрон додаде дека првата линија на одбрана на Украина во случај на мир со Русија ќе биде обнова на сопствената армија и дека за тоа не може да има ограничувања. Тој исто така рече дека замрзнатите руски средства се во Европа и дека само Европа може да одлучи што да прави со нив.

На прашањето дали е подготвен да оди во Вашингтон за да помогне во преговорите за подобар договор, Макрон рече дека во моментов нема таков план.

Подготвено од М.Д.

About Author