ukraina-sad-znaminja

20.11.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп  испратил висока воена делегација во Киев за да ги рестартира мировните преговори со Москва. Делегацијата која веќе слетала во Киев оваа недела е составена од секретарот за одбрана Ден Дрискол и двајца генерали.

Нивната посета на Киев не била јавно објавена од безбедносни причини.

Белата куќа изрази надеж дека до крајот на месецот ќе биде договорена рамка за завршување на војната меѓу Русија и Украина. Изворите изјавија дека потенцијалниот план договорен со Русија би можел да ѝ биде претставен на Украина како веќе готова работа.

Тоа ја зголемува тензијата во Киев, особено по сознанието дека Стив Виткоф, американскиот специјален претставник за Турција, нема да учествува во разговорите меѓу Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара.

Погрешно е да се каже дека специјалниот претставник Стив Виткоф ќе патува во Турција – изјави висок функционер на Стејт департментот кој побарал анонимност.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, потврди дека претседателот Зеленски денеска пристигнал во Турција и дека е „во постојана комуникација“ со американските претставници, иако засега нема потврда дека Виткоф ќе се приклучи на разговорите иако имаше такви најави во медиумите.

Аксиос претходно објави дека Трамп има план од 28 точки усогласен со руската страна. Белата куќа сè уште не ги коментираше наводите на американскиот портал.

ТРАМП ИМА МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА ВО 28 ТОЧКИ? Наводно, планот е усогласен со Русија

Од друга страна, „Волстрит Џурнал“ ја коментира делегацијата испратена во Киев. Изборот на Ден Дрискол, шефот на цивилната војска, чија улога главно е обука и опремување на војници, е невообичаен потег, но во стил на претседателот познат по своите неортодоксни дипломатски чекори.

Од друга страна, се вели дека Дрискол, кој е близок со потпретседателот Џеј Ди Венс, бил избран за оваа дипломатска мисија по консултации меѓу Трамп и Ди Венс.

Посетата на американската делегација во Киев исто така има за цел да ја зајакне соработката во воениот сектор, во услови на брзорастечка побарувачка од украинските вооружени сили и плановите за купување на милион дронови во наредните години.

Подготвено од М.Д.

About Author