28.11.2025 Скопје
Серија писма од принцезата Дајана во кои таа пишува за своето жалење поради разводот и ниските удари врз кралското семејство беа понудени на продажба во 2023 година.
Покојната принцеза Дајана имаше само 36 години кога трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година. Малку е познато дека за време на нејзиниот живот напишала серија лични писма во кои признава дека никогаш не би се согласила на развод од принцот Чарлс доколку знаела низ какви тешкотии ќе мора да помине.
Шокантните писма на принцезата Дајана
На почетокот на 2023 година, на аукција се појави збирка од нејзините писма, во кои таа отворено зборуваше за своето жалење за разводот и болните удари што, според неа, ѝ ги задало кралското семејство . Вкупно 32 писма и разгледници што принцезата им ги испратила на своите пријатели, Сузи и Тарек Касем во 1995 и 1996 година, се нудат на продажба.
Двојката одлучила да ги продаде писмата, објаснувајќи дека е „огромна одговорност“ да се чуваат такви лични спомени и дека не сакаат да го префрлат тој товар на своите деца. Тие сепак ги чувале најинтимните и доверливи писма за себе, додека другите биле ставени на аукција, а парите од продажбата биле наменети за хуманитарни организации.
„Исклучително ми е тешко, притисокот доаѓа од сите страни. Понекогаш едвај можам да ја задржам смиреноста, а денес сум целосно скршена и само сакам овој развод да заврши што е можно поскоро, бидејќи неговата цена може да биде ужасна“, напишала Дајана во едно од писмата, откако го откажала патувањето во операта поради огромна напнатост.
Колку навистина ѝ било тешко, покажува и фактот дека нејзиниот инаку елегантен, уреден ракопис видливо се искривува кон крајот на писмото. Во мај 1996 година, таа му се доверила на еден пријател дека верува оти телефоните во Кенсингтон Палас биле прислушкувани.
„Бидејќи немам мобилен телефон, многу ми е тешко да зборувам за приватни работи на телефон, бидејќи ми се чини дека моите разговори постојано се снимаат и препраќаат. Да знаев пред една година низ што ќе поминам поради овој развод, никогаш немаше да се согласам на тоа. Ужасно е и болно“, напиша принцезата.
Подготвено од М.Д.