Vucik

04.11.2025 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти во Белград. Изјавата ја даде за белградска телевизија, во која рече дека во претходните денови и недели, во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци „што не се наивни“, и за кои не ја информирале јавноста.

„Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се целите – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, изјави Вучиќ.

Во овој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „нема друг начин“, бидејќи нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.

Подготвено од М.Д.

About Author