NIS-naftena-industrija-srbije

20.11.2025 Скопје

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека руската страна се согласила да го продаде својот удел во НИС, објавија српските медиуми.

Руските сопственици се согласиле да го продадат својот удел во Нафтената индустрија на Србија, кој изнесува 56,15%. Тие преговараат за тоа. Ние сме вклучени и информирани за овие дискусии, коментираме речиси час по час, бидејќи сме втор најголем акционер со 29,8% и бидејќи е од витален интерес за нас НИС да продолжи да работи и успешно да работи. Тоа е апсолутно клучно за енергетската стабилност на нашата земја – реле Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа објасни зошто државата сè уште не ја објавила третата страна вклучена во преговорите.

Причината зошто сè уште не излеговме јавно со информации за тоа кој е третата страна е тоа што зборуваме за деловни преговори на сериозни компании. Додека тие преговори не се завршат или барем не се дефинираат најважните детали, не е сериозно да се изнесуваат имиња. Но, ништо не се крие од јавноста. Како што видовте, досега комунициравме многу транспарентно за сè. Нашето барање е јасно – рафинеријата мора да продолжи со работа и да обезбеди нов проток на сурова нафта од ЈАНАФ што е можно поскоро – додаде Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа рече дека НИС, преку своите адвокати во Соединетите Американски Држави, поднесе барање до американската влада за продолжување на лиценцата за работа – за да може да продолжи да снабдува сурова нафта и за да може рафинеријата да продолжи да работи.

Сега чекаме одлука на американската влада дали она што го предложија, во кое ние секако сме вклучени, е прифатливо – рече таа.

Подготвено од М.Д.

About Author