13.11.2025 Скопје
Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул, објави руска новинска агенција, повикувајќи се на функционер од Министерството за надворешни работи.
Немало средба лице в лице меѓу двете земји од средбата на 23 јуливо најголемиот град во Турција .
Новинската агенција објави дека претставникот на министерството Алексеј Полишчук изјавил дека турската страна ги повторува повиците за продолжување на мировните преговори.
„Рускиот тим е подготвен за тоа. Топката е во дворот на Украина“, рече тој.Украина, од друга страна, ги отфрла обвинувањата на Кремљ дека е виновна за застојот во мировниот процес.
На состанокот кон крајот на јули, кој траеше само 40 минути, украинската страна предложи состанок во август меѓу нејзиниот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.
Кремљ потоа објави дека Путин е подготвен за таков состанок, но само ако тој се одржи во Москва, што Киев го отфрли.
Подготвено од М.Д.