14.11.2025 Скопје
Русија се уште чека одговор од САД на нивниот предлог за продолжување на новиот договор за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ), изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.
Шојгу во интервју за руски меидум изјави дека Русија чека сигнали од Белата куќа.
Не остана многу време за да се зачува еден од клучните столбови на глобалната стабилност- истакна Шојгу.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да продолжи да се придржува кон ограничувањата од Договорот за стратешко офанзивно оружје една година по 5 февруари 2026 година.
Путин објасни дека чекорите за усогласување со ограничувањата од Новиот СТАРТ ќе бидат ефикасни ако САД се согласат.
Подготвено од М.Д.