ен

11.11.2025 Скопје

Најновите извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија во 2025 година ја нагласуваат енергетската трансформација како еден од клучните индикатори на институционална зрелост и економска одржливост.

Според податоците во извешатаите, Република Северна Македонија се позиционира како регионален лидер во областа на енергетската транзиција, со високо ниво на усогласеност со европското законодавство и стабилен напредок во спроведувањето на реформите. Црна Гора ја следи со солидна институционална рамка, додека Албанија, иако доминира по удел на обновливи извори, останува структурно ранлива. Србија, пак, покажува минимален напредок и задржува висока зависност од јаглен.

Според Европската комисија, РС Македонија е најподготвена земја од Западен Балкан за интеграција во европскиот енергетски пазар. Основните причини за оваа оценка лежат во три меѓусебно поврзани фактори: стабилната институционална структура, независната регулаторна рамка и стратешката ориентација кон зелена транзиција.

Формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси се оценува како суштински чекор кон подобра координација меѓу институциите, инвеститорите и регулаторните тела. Европската комисија ја квалификува оваа институционална промена како „значаен напредок кон поголема транспарентност и ефикасност“.

Подготвено од М.Д.

About Author