tuzla-policija-pozar

05.11.2025 Скопје

Бројот на загинати во пожарот во пензионерскиот дом во Тузла се зголеми на 11 лица, додека бројот на повредени на 35, известуваат хрватските медиуми. Градоначалникот на Тузла потврди дека меѓу загинатите кои биле сместени на седмиот кат на зградата биле и неподвижни лица и лица со деменција и со тешки болести.

Во анализа се поставува прашањето зошто било дозволено овие лица да бидат сместени најдалеку од излезот на зградата? Во Тузла со години било предупредувано дека зградата е небезбедна.

Јавноста во Босна и Херцеговина е гневна поради фактот дека на горните катови биле сместени лица со тешки дијагнози, неподвижни, зависни од туѓа помош, се вели во анализата.

Подготвено од М.Д.

About Author