13.11.2025 Скопје
Иако сè уште нема официјална потврда кога ќе се финишира, ама од Владата не кријат дека нема да се чека повеќе, туку веднаш ќе се спроведе реконструкцијата на Владата. Нема да се чекаат конгресите. Разгорите почнуваат уште вечерва. Тоа е под притисок на Влен но и од другите коалициски партнери во извршната власт. Се очекува да бидат сменети околу една третина од министрите, ако се иде мазно под бранот на големата победа.
Од многуте медиумски шпекулации, први на распит се Влен, главно поради нивната ароганција дека нивниот Изет Меџити вредел за двајца . Познато е дека од Владата немаат проблем со тоа Беким Сали да биде вицепремиер, но имаат проблем дека и друго име на Влен ќе имало на местото за животна средина. Тоа е првиот камен на сопнување.
Вториот министер кој без проблем заминува , освен ако сега во Белград не му го сменат ставот, Иван Стоиљковиќ кој доби советничка позиција во Куманово.
Под назнака на најслаби резултати водат министрите на ЗНАМ, особено и пакетот на победата на мусклули во Куманово на лидерот Максим Димитриевски , што има дополнително влијание велат од владеачката партија. Значи висат земјоделие, клутура , образование и правда каде што може да ротираат некои други од министрите на ВМРО ДПМНЕ.
Извори во Владата велат дека прво ќе летаат колиционерите со најслаби резултати, а потоа за баланс и некои слаби вмровски министри.
Сето тоа ќе се амротизира со заменички министерски места, колку за одмор, директорки места , јавни претпријатија во локалната самоуправа …се со цел полесно да се голтне смената.
Неофицијалната листа на министри на кои сигурно им се нишаат фотељите се :
Цветан Трипуновски (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за земјоделство
Зоран Љутков (ВМРО-ДПМНЕ), Министер за култура и туризам
Весна Јаневска (ВМРО-ДПМНЕ), Министерка за образование
Игор Филков (ЗНАМ), Министер за правда
Бесар Дурмиши (ВЛЕН), Министер за економија
Орхан Муртезани (ВЛЕН), Министер за европски прашања
Во актуелниот владин кабинет има 15 министри од ВМРО-ДПМНЕ, 6 од ВЛЕН и 2 од ЗНАМ. Сè уште не е познато кои од замениците-министри ќе бидат променети, но колиционерите велат дека би требало да се задржат рамките на коалициските договори постигнати при формирањето на Владата.Секако не е исклучено да мора некој заменик министер да биде утешна награда за смена на министрите и интерес на колицијата.
Подготвено од М.Д.