17.11.2025 Скопје
XPENG Aridge започна со пробно производство во својата фабрика за летачки автомобили во Гуангжу, отворајќи ја првата линија за масовно производство на летачки автомобили во светот.
Дебитантскиот модел на фабриката – модуларен „Компнетен носач на авиони“, кој комбинира патно возило и одвојлив воздушен модул – успешно го помина своето прво пробно склопување.
Сериското производство и првите испораки се очекува да започнат во 2026 година.
XPENG Aridge планира да започне со масовно производство и испораки на својот летачки автомобил во 2026 година, рече Жанг Сјуехуи, директор за комуникации на брендот. „Фабриката во Гуангжу моментално е во фаза на пробно производство – сè уште не сме започнале со производство во целосен обем, бидејќи пред тоа треба да добиеме сертификати за пловидбеност и дозволи за производство“.
Жанг објасни дека сегашните пробни модели главно се користат за тестирање на летот и верификација на перформансите.
За разлика од другите брендови кои повеќе се фокусираат на деловни или институционални клиенти, XPENG Aridge е насочен кон индивидуални потрошувачи, рече Жанг.
Компанијата сè уште не одржала официјален настан пред продажба.
Сè уште сме во раните фази на резервации, со ограничен број места за заинтересираните клиенти. Конечната цена сè уште не е утврдена, но ќе биде под два милиони јуани (околу 281.000 долари), рече Жанг.
Фабриката XPENG Aridge започна со пробно производство на 3 ноември, кога првиот модел излезе од производствената линија. Настанот го означи завршувањето на првата светска масовно производствена линија за летачки автомобили и отворањето на првата фабрика со користење на современ автомобилски систем за склопување за производство на летачки возила на големи размери.
Подготвено од М.Д.