18.11.2025 Скопје
Платите се само еден дел од демотивацијата кај младите кои ја напуштаат државата заради подобар животен стандард. Иновациите и напредните технологии и инвестирањето во истите е еден од елементите кои можат да го подобрат животниот стандард.
Професорот Горјан Наџински вели дека загрижува фактот што во голем број млади ја напуштаат државата, потенцира дека нормално е платите да се повисоки но дека треба и инвестиција во истражување и развој.
РС Македонија има капацитет за иновации кои што можат да овозможат јакнење на капацитетите на малите и средните претпријатија во инкорпорирање на дигитални решенија базирани на вештачка интелегенција вели деканот на ФИНКИ, Петре Ламески.
И додека едните разговараат за напредни технологии и иновации другите застанати во преживувањето и трката за минималец од евентуално 500 евра.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески вели дека како ќе се договорат синдикатите и работодавачите тие како Влада така ќе се поцизионираат.
Од Сојузот на стопански комори велат дека кога е во прашање минималната плата и работникот потребно е да се најде заеднички баланс.
Во меѓувреме, Сојузот на синдикати најгласни во борбата за зголемување на минималецот додека КСС на ставот дека работникот заслужува онолку колку што утврдува законот. Од ССМ потенцираат дека истите тие кои се со плати од над две-три илјади евра зборуваат дека доволни се 397 евра за работникот да биде продуктивен.
Подготвено од М.Д.