penzioneri-protest-vlada-bg

27.11.2025 Скопје

Пензионерите, кои пред две години се бореа за линеарно зголемување на пензиите, најавија дека в понеделник ќе протестираат пред Уставниот суд поради најавената иницијатива да се преиспита членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).

Судијката Добрила Кацарска предложи, а нејзините колеги прифатија да се оценува оваа одредба, која е оценета од Судот дека ги дискриминира пензионерите со високи пензии, кои би зеле повеќе пари со усогласувањето на пензиите според трошоците отколку со линеарното зголемување, со иста сума за сите.

Протестот е организиран од истиот Иницијативен одбор што претходно се бореше за линеарното покачување, но сега Кацарска најави дека е неуставно тоа и дека ќе се оспори на Уставниот суд. Со тоа се носи неразумно решение и не може да се задоволи потребата на пензионерите што се со многу ниски пензии и не знаат како ќе закрпат утре крај со крај – велат од Иницијативниот одбор.

Подготвено од М.Д.

About Author