zeljko-obradovic-750x600

28.11.2025 Скопје

Челниците на кошаркарскиот клуб Партизан ја отфрлија оставката поднесена од тренерот Жељко Обрадовиќ, а српските медиуми ги дознаа и деталите од разговорот што претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ го имал со легендарниот тренер.

Имено, Управниот одбор на Партизан едногласно ја отфрли оставката на Обрадовиќ и му изгласа апсолутна доверба, а Мијаиловиќ докажа дека тоа не е само „писмо на хартија“, кој му даде неограничена доверба на тренерот со најмногу трофеи во Европа.

Имено, доколку ја повлече својата оставка, Обрадовиќ ќе има одврзани раце да отпушти играчи за кои смета дека не ја оправдале довербата што досега им ја покажал.

„Отпуштете ги сите играчи ако сакате, ќе ви донесеме нови, ќе го замениме целиот тим“, му рекол Мијаиловиќ во денешниот разговор.

Обрадовиќ се врати во Белград од Атина, а навивачите на Партизан му приредија организиран пречек на аеродромот „Никола Тесла“.

Подготвено од М.Д.

About Author