28.11.2025 Скопје
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.
Одлуката каснеше неколку месеци поради тоа што Комисијата ја чекаше проценката на вредноста на топланите од Бирото за процена, документ неопходен за утврдување на конечната тарифа.
Првичните најави уште од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија побарале околу 50 проценти повисока цена. И во пресрет на денешната седница, тие повторно доставиле пресметки со зголемени трошоци.
Одлуката што ќе биде донесена денеска треба да даде појасна слика дали и за колку ќе поскапи парното греење за домаќинствата и за деловните корисници од декември.
Подготвено од М.Д.