NIS-naftena-industrija-srbije

19.11.2025 Скопје

На 18 ноември, Нафтената индустрија на Србија (НИС) поднесе ново барање до Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) на Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца што би ѝ овозможила на компанијата непречено да работи за време на преговорите за промена на сопственичката структура.

Претходната лиценца, издадена на 14 ноември и со важност до 13 февруари 2026 година, им овозможи на акционерите и другите заинтересирани страни да започнат преговори за идното сопствеништво на компанијата.

Според НИС, во согласност со моменталната состојба на разговорите меѓу акционерите и потенцијалните партнери, до ОФАК е поднесено ново барање за лиценца што би обезбедила континуитет на работењето додека се бара „одржливо решение за НИС“.

Компанијата очекува дека одобрувањето на новата лиценца ќе овозможи стабилно функционирање на сите операции во периодот на интензивни преговори за нејзината иднина.

Да ве потсетиме дека ова го објави вчера првиот човек на НИС, а како што прв објави Блиц Бизнис.

Подготвено од М.Д.

About Author