MARKET 5

08.11.2025 Скопје

Трошоците на живот се зголемуваат, има и раст на цените на мало. Државните статистичари пресметаа дека во месец октомври годинава има раст на живеачката за 4,5 отсто во споредба со иастиот месец лани. Во исто време забележано е и зголемување на цените во маркетите за 2,8 отсто.

И натаму домаќинствата мака мачат како да се прехранат. Трошоците за храна се пораснати за фантастични седум отсто. Властите велат дека очекуван е растот на инфлацијата бидејќи лани имало мерки, за годинава засега нема најви дека некој ќе и застане на патот на инфлацијата. Синдикатите во континуитет бараат повисоки плати, но тие тешко се договараат.

Извештајот на Државниот завод за статистика покажува дека трошоците на годишно ниво се зголемени за седум проценти, а пак на месечно ниво податоците велат дека трошоците стагнираа, односни нема промена.

„Во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Облека и обувки за 1.2 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0.2 % и Здравје за 0.1 %. Трошоците на животот во групата Разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува 98.7.  Индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.8 %“, стои во извештајот на ДЗС.

Ако го проанализираме извештајот може да се забележи и дека освен трошоците за храна, во месец октомври зголемување има и кај трошоците за набавка на облека од три  отсто, во делот на рекреацијата граѓаните имаат зголемини трошоци за една година од 7,8 отсто. Ресторанските и хотелските услуги пак во анализираниот период се пораснати за 0,2 отсто. Трошоците за здравствени прегледи пак бележат раст од 2,1 проценти.

Ваквиот раст на инфлацијата на годишно ниво е очекуван и од премиерот Христијан Мицкоски. Според него инфлацијата е на ова ниво бидејќи лани имало мерки а годинава нема и затоа пораснале толку трошоците на граѓаните. Но и покрај таквата констатација, тој не најави идни чекори со кои владата ќе застане на патот на растот на трошоците за живот.

Во меѓувреме продолжуваат алармирањата од страна на синдикатите дека РС Македонија е на самото дно по висината на минималната плата. Животот е се поскап и се потежок за граѓаните кои преживуваат со минимални плати гледајќи го луксузирањето на финкционерите како трошат народни пари.

Подготвено од М.Д.

About Author