24.11.2025 Скопје
Депозитната база на домашните банки во октомври се зголемила за 0,4 насто, достигнувајќи 10,26 милијарди евра, проследени со годишна стапка на раст од 11,8 насто. Со посилно темпо се одвивале кредитните активности.
Месечното движење е од плус 0,6, а годишното од 12,1 насто, при што средствата пласирани кај населението и кај компаниите се во износ од 8,7 милијарди евра.
Анализите на Народната банка потврдиле дека октомвриското зголемување на депозитите е исклучиво заслуга на граѓаните. Додека кај кредитите повисок е интересот и од двата сектори, но на месечно ниво се истакнуваат домаќинствата, а на годишно предноста е кај компаниите.
Подготвено од М.Д.